| Проектот
“СТУДЕНТСКА БЕРЗА” ( во понатамошниот текст СБ) започнува
од 01-ви Октомври 2008 година и ќе трае до 31-ти Мај
2009 година.
На секој регистриран учесник во СБ ќе
му стои на располагање фиктивен износ од 500.000 денари
со кој може да ги купува единствено следните хартии
од вредност кои што котираат на Официјалниот Пазар на
Берзата:
Алкалоид АД Скопје (АЛК),
Топлификација АД Скопје (ТПЛФ),
Комерцијална Банка АД Скопје (обични акции-КМБ),
Макпетрол АД Скопје (МПТ),
Гранит АД Скопје (ГРНТ),
Македонијатурист АД Скопје (МТУР),
Охридска Банка АД Охрид ( обични акции-ОХБ),
Стопанска Банка АД Битола (обични акции-СБТ),
Фершпед АД Скопје
(ФЕРШ),
ЗК Пелагонија АД Битола (ЗПКО),
Макстил АД Скопје (СТИЛ),
Бетон АД Скопје (БЕСК),
ТТК Банка АД Скопје (ТТК),
ГП Маврово АД Скопје (МАВР) и
РЖ Услуги (РЖУС).
Учесникот во проектот СБ ќе може да склучи трансакција
со определена хартија од вредност единствено под услов
со неа на тој ден на тргување на Берзата да се оствари
промет (без блок трансакции) од најмалку 50.000 денари.
Доколку на денот на тргување со одредена хартија од
вредност се склучила само блок трансакција, во тој случај
со таа хартија од вредност ќе се тргува по просечна
цена од последниот ден на тргување, по горе наведените
услови (промет од 50.000 денари, без блок трансакции).
На крајот на секој месец Берзата ќе ги вреднува портфолијата
на сите учесници во СБ. При вреднувањето на портфолијата
ќе се користат официјалните просечни цени на хартиите
од вредност, од последниот ден на тргување со истите.
Притоа, мора да биде исполнет и условот со кој, минималниот
обрт на фиктивниот износ со кој располага учесникот
во тргувањето на СБ во тој месец да изнесува најмалку
2.000.000 денари при купување и продавање акции.
Пример 1: Купувате акции, при што вложувате 200.000
денари. При нивната продажба остварувате 250.000 денари.
Вашиот обрт во тој момент изнесува 450.000 денари.
Пример 2: Купувате акции, при што вложувате 200.000
денари. При нивната продажба остварувате 100.000 денари.
Вашиот обрт во тој момент изнесува 300.000 денари.
Тргувањето со хартиите од вредност ќе се одвива секој
ден со следниот распоред:
Понеделник
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот на денот на тргување
(понеделник)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (вторник).
Вторник
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот на денот на тргување
(вторник)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (среда).
Среда
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот на денот на тргување
(среда)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (четврток).
Четврток
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот на денот на тргување
(четврток)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (петок).
Петок
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот (петок)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (сабота).
Сабота
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот (сабота)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (недела).
Недела
• Почеток на тргувањето: 16:00 часот (недела)
• Крај на тргувањето: 09:00 часот следниот ден (понеделник).
|